Пријавил дека му исчезнале бремената сопруга и нејзините ќерки, а потоа уследил шок: Додека на ТВ зборувал за исчезнувањето на семејството, криел најмрачна тајна

Точка

17/08/2018

21:04

5.490

Големина на фонт

а а а

Во истрагата во американската сојузна држава Колорадо, во која учествувал и ФБИ, дошло до драматичен пресврт, кога 33-годишниот Кристофер Вот, кој пред неколку дена го пријавил исчезнувањето на бремената сопруга Шенен и нејзините ќерки Селест (3) и Бела (4), признал дека ги убил и се ослободил од нивните тела.

Вот направил вистинска мрежа од лаги, но искусните инспектори го прочитале и конечно го навеле да признае. 

Во средата навечер бил одведен во притвор и таму го признал злосторството.

Тој во понеделникот во полиција пријавил дека неговата сопруга Шенен е исчезната, а била во четвртиот месец од бременоста и се враќала од службено патување. На прашањето каде се девојчињата, рекол дека се кај нивниот биолошки татко. Истрагата почнала, медиумите ја објавиле приказната, а Вот дури и дал изјава за емисијата "Today" на "NBC".

Вот раскажал дека Шенен се вратила од службен пат во понеделникот во еден часот навечер. Започнале разговор, кој станал емотивен, па разговарале до 5 наутро. Фрлил поглед на мониторот, видел дека девојчињата мирно спијат и отишол на работа. Се загрижил кога сопругата не му одговарала на пораките, а почнал да паничи кога преку видео камерата на ѕвончето видел дека семеен пријател ѕвони, а никој не му отвора.

"Кога дојдов дома, беше празно. Не беше таму. Ни децата не беа. Немам претстава каде се", им рекол Вот на медиумите. Додал дека го видел нејзиниот автомобил паркиран пред куќата, но во куќата биле нејзиниот паричник, мобилниот и ташната. Тогаш одлучил да се јави во полиција.

Меѓутоа, кратко потоа за "FOX" дал изјава дека Шенен му рекла дека ќе оди кај пријателка. Дури и погледнал во камерата и рекол: Шенен, Бела, Селест, вратете се ако ме слушате. Ако е кај вас, само вратете ја дома.

На новинарското прашање дали се скарале пред да Шенен да исчезне, рекол: "Тоа не беше расправија, туку емотивна расправа. Така би ја нарекол". А потоа болно се насмеал и додал: "Само сакам да се вратат. Ова мора престане. Некој мора да се огласи".

Во истрагата на локалната полиција се приклучил и ФБИ и Вот во средата бил приведен во полиција. Истовремено, инспекторите влегле во неговата куќа и почнале да ја пребаруваат. Кратко потоа, Вот проговорил и признал.

Како, каде и зошто ги убил уште не се знае, бидејќи полицијата не сака да објавува детали. Вот во меѓувреме се појавил и пред суд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг