Гризман по новата титула: Сега ми е јасно дека не згрешив…

Дерби

16/08/2018

08:49

1.356

Големина на фонт

а а а

Екипата на Атлетико Мадрид по третпат во својата историја триумфираше во Суперкупот на Европа и тоа откако со 4-2 славеше над Реал Мадрид по продолженијата.

Со ова Атлетико уште еднаш покажа дека во моментов е една од најквалитетните тимови на стариот континет со тоа што на титулата најмногу и се израдува Антоан Гризман.Тој пред неколку месеци беше пред голема дилема дали да продолжи со „душекџиите“ или да ја прифати понудата на Барселона за да на крајот по долго размислување се одлучи за првата опција. 

-Останав зошто имаше добар проект. Имам доверба во Симеоне и во клубот. Сега видов дека не сум погрешил. Пред нас е многу работа и треба да продолжиме да работиме како досега. Завршиме добра работа, вложивме многу напор, тие кои влегоа ја направија разликата и така треба да продолжиме, затоа што сме одлична група, -истакна францускиот напаѓач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг