Корисниците на Твитер потсетиле дека во последните неколку години постоел страв дека мостот може да се урне.
Откако се урнал мостот на автопатот кај Џенова, во кој загинале најмалку 35 луѓе, меѓу кои и три деца, протекол документ од пред две години во кој се предупредува на можен колапс на мостот.
Тоа и се случило во вторникот по удар на гром, додека службениците се сомневаат дека недоволната стабилност на конструкцијата е причина за рушењето. Се поставува прашањето дали оваа трагедија, која многумина ја нарекле "апокалиптична", можела да се избегне.
Одговорот го наоѓаме во документот кој протекол откако рушењето на мостот однело најмалку 35 животи.
Жалбата од 26. април 2016. година, која сенаторот на регионот Лигурија, Маурицио Роси ја пратил до Министерството за инфраструктура и сообраќај, предупредува на можен колапс на мостот Моранди, пишува "Sputinik".
Документот кој е објавен на неофицијалниот италијански профил на "Викиликс" на Твитер, вели дека "мостот е пред колапс и дека треба во целост да се обнови, бидејќи во спротивно треба да биде затворен".
Овде се наведува дека Аутострада Италија, која е одговорна за изградба на нови инфраструктури во регионот Лигурија, не можела да се согласи со локалните власти за делови од автопатот, поради што дошло до одложување на планираната конструкција.
"Ако веднаш не се подготви нова стратегија за патот со поширок обем, можното евентуално целосно или делумно затворање на Морандевиот мост би довело до колапс на целиот патен систем на Џенова", пишува во жалбата.
Компанијата Аутострада сега ги разгледува причините за колапсот, пренесува "Reuters". Во соопштението за медиумите, компанијата истакнала дека мостот бил под константен надзор на дирекцијата за патишта во Џенови и дека бил инсталиран кран на мостот за планирано одржување.
Џовани Кастелучи, генералниот директор на Аутострада, тврдел дека мостот, кој бил изграден во 1960-тите, не е опасен.
Директорот на локалното претпријатие за одржување на патиштата, Стефано Мариглиани, изјавил дека катастрофата која се случила никако не можела да се предвиди.
"Немаше знаци за опасност. Мостот е подложен на чести проверки, неговата инфраструктура константно се следи, а работите кои беа во тек беа само обично одржување", рекол тој.
Граѓаните: Мостот не беше безбеден
На социјалните мрежи се водат полемики за можните причини за колапсот. Корисниците на Твитер потсетиле дека во последните неколку години постоел страв дека мостот може да се урне.
Еден корисник споделил фотографија која ја направила камерата на "Google Street View" и на која се гледа како столбовите на мостот се делумно распаднати.
На една фотографија пишува дека работите за одржување почнале во март 2016. година, и дека треба да се завршат во март 2017. година.
Guardando il ponte com’era, tramite Google Street View, viene da pensare che la tragedia poteva essere evitata in qualche modo...#Genova #14agosto #PonteMorandi #Morandi pic.twitter.com/18gz9omuXP
— Federico Modelli (@ModelliFederico) August 14, 2018
Една фотографија која била направена ден пред колапсот прикажува видливи пукнатини на мостот.
Мостот Моранди се урнал за време на силно невреме, а голем број на возила пропаднале во амбис. Сведоците рекле дека рушењето во мостот удрил гром.
Il 26 febbraio 2017 il #pontemorandi di #genova era ridotto così.
— Elisabetta (@therealbettowl) August 14, 2018
Avevamo tutti paura che crollasse.
Oggi è successo. pic.twitter.com/QyWXBCtOXV
Guardando il ponte com’era, tramite Google Street View, viene da pensare che la tragedia poteva essere evitata in qualche modo...#Genova #14agosto #PonteMorandi #Morandi pic.twitter.com/18gz9omuXP
— Federico Modelli (@ModelliFederico) August 14, 2018