5 нешта кои треба да ги направите за вистински одмор

Точка

16/08/2018

12:00

7.169

Големина на фонт

а а а

Неопходно е да си приуштите одмор за да се исклучите од секојдневието кое ви создава стрес и да поминете неколку дена без секојдневните грижи и обврски.

Сепак, не е задолжително да отпатуваме некаде за да се одмориме, можеме тоа да го направие и во својот град. Најважно е да одвоиме време за себе, за она што сакаме да го правиме и потоа да се вратиме одморени, покреативни и со повеќе идеи. Воедно, одморот е одличен период за да се погрижиме малку повеќе и за своето здравје, па еве неколку нешта кои може да ви помогнат за да го постигнете сето тоа.

1. Тргнете се подалеку од телефонот

Исклучете го телефонот или тргнете го подалеку од себе. Дури и да е нешто поврзано со работните обрски, не мора постојано да ги проверувате своите мејлови. Повеќето фирми и компании во летниот период го ставаат работењето во „помала брзина“, па така треба да направите и вие.

Еден предизвик повеќе е тоа што повеќето од нас ги корисатат телефоните за да останат во контакт не само со работата, туку и со својот приватен живот. Нажалост денес поголемиот дел од нашиот живот се одвива гледјаќи низ призмата на социјалните мрежи. Најдобро е да земете одмор и од тоа постојано „скролање“ по апликациите или комуникација со многу луѓе. Земете си малку повеќе време за себе, ќе се изненадите колку подобро ќе се чувствувате по само неколку дена.  

2. Наспијте се

Доколку чувствувате дека секојдневните обврски го скратуваат вашето време за спиење и ви недостасува сон, искористето го ова време за да се наспиете. Доколку имате семејство и вашите деца стануваат порано, може да се менувате со партнерот за тоа кој ќе се грижи наутро за нив, додека едниот ќе има повеќе време да поспие до подоцна.

3. Консумирајте здрава и лесна храна

Не заборавајте со себе да понесете здрава храна и некои лесни закуски, кои секако ќе ви годат повеќе отколку тешката храна во летните горештини. Овошје, зеленчук и вода во поголемо количество е секако препорачливо. Бидејќи поголемиот дел од денот го поминуваме на плажа, често ни е тешко да поминуваме време во кујната приготвувајќи ги нашите оброци, а не секогаш во околината имаме да си купиме нешто здраво.


Одличен избор и решение за ваквите прилики е храната NuMe која нема да ви одземе повеќе од минута за подготовка, а може да ја носите секаде со себе. Асортиманот на NuMe ви нуди слим-шејкови кои се на база на колаген, содржат многу малку јаглехидрати и големо количество на протеин. Достапни се во четири различни и многу освежителни вкусови: Рајска боровинка и малина, капучино, чоколаден мафин и француска ванила. За нивна подготовка потребни ви се само вода и NuMe шејкер (или пластично шише, доколку немате шејкер). Тука се и NuMe слим-барчињата со вкус на кремаст кекс, кои може да ги консумирате во секој момент кога ќе се почувствувате гладни. Покрај NuMe, програмата на Life Nutrition ви нуди уште поширок асортиман на производи од овој тип.

Производите од асортиманот на Life Nutrition се исто така базирани на многу високо количество на протеин и многу малку јаглехидрати. Овие мали протеински оброци во вид на супи, шејкови, чипсови, пудинзи, палачинки, протеински бисквити и протеински кранчови ви овозможуваат да ги внесете сите хранливи вредности, а и воедно ви ја намалуваат потребата за често јадење. За разлика од другата храна која ја јадеме секојдневно, Life Nutrition го пролонгира чувството на ситост. Доколку досега не сте пробале нешто од производите на овие нутриционистички програми, сега е вистинското време за тоа. Информирајте се повеќе за оваа храна која ни е достапна во Про-Фит ТУКА.

4. Забавувајте се

Испланирајте активности кои ќе ви овозможат вам, а и на оние околу вас да се забавувате. Иако во овој период акцентот е ставен на одморот и релаксацијата, добро е малку да се раздвижите. Испланирајте по една активност секој ден, како на пример: пливање, возење велосипед, прошетка по плажа или посета на некое интересно место. Додадете авантура во својот одмор.

5. Направете нешто што веќе подолго време го посакувате

Годишниот одмор не значи само трчање околу децата или прескокнување од една активност на друга. Испланирајте да направите нешто за кое веќе подолго време размислувате.

Направете нешто за вас, нешто што лично ќе ви пружи задоволство и одвојте време кое ќе си го посветите само за себе. Одете сами на плажа или во забавен парк, прошетајте по продавниците и купете си нешто ново, отидете во убав кафич или ресторан, напијте се некој убав пијалок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг