Кралицата Елизабета бара работници преку оглас: За перач на садови нуди плата од 22 илјади евра

Точка

15/08/2018

14:12

4.373

Големина на фонт

а а а

Омилениот десерт на кралицата Елизабета Втора е чоколадна бисквит торта, а по се изгледа во кујната на палатата им е потребна помош за да биде сè на кралско ниво.

Бакингемската палата објави оглас за перач на садови во палатата на сајтот "Royal Household", во кој пишува дека имаат потреба од нов член на персоналот со цел да се обезбеди "извонредна услуга". 

Годишната плата на оваа позиција изнесува околу 22 илјади евра, а обезбедени се оброци во палатата и 33 дена одмор, пишува "Daily Mail". Во огласот се вели дека искуството не е неопходно и дека на кандидатот ќе му биде обезбедена обука. 


"Придружете се на кујнскиот тим кој работи на припрема и сервирање на храна според највисоките стандарди. Со одржувањето на кујнската хигиена, вие ќе им овозможите се на нашите готвачи и асистенти при служењето на оброците во текот на денот. Повремено ќе бидете ангажирани како испомош за припрема на храната", пишува во огласот.

Поранешниот шеф на кујна Дарен Макгрејди изјавил дека британската палата е "одлично место за работа".

"Готвењето во Бакингемската палата е неверојатно. Имав се што очекував, а палатата поседува храна со најдобар квалитет, најдобри состојки и неверојатни производи", навел Макгрејди.


Тој открил и дека кралицата не ужива во храната туку повеќе сака да приредува вечери отколку да јаде на нив.

"Таа јаде за да живее, додека принцот Филип живее за да јаде. Тој ја обожува храната, го интересира нејзиното потекло и начинот на кој таа се припрема. Кралицата не ја интересира тоа", истакнал шефот.