Лидерот на опозицијата и поранешeн претседател на парламентот, Хулио Борхес, кој живее во егзил во Колумбија, а кого властите во Венецуела го обвинуваат дека го организирал неодамнешниот обид за атентат врз претседателот на зејмата.
Николас Мадуро, денеска изјави дека најголемата закана за Мадуро се токму неговите луѓе во униформа кои стојат позади него.
Борхес, кој беше на чело на Националното собрание, рече дека апсењето на двајцата високи воени претставници, по неодамнешниот обид за атентат од дронови, е уште еден сигнал за распадот на вооружените сили на земјата.
Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, ги обвини пратениците од опозицијата, меѓу кои и Хулио Борхес, дека се обиделе да го убијат, но Борхес ги отфрли обвиненијата како фарса.
Врховниот суд на Венецуела пред извесен период нареди апсење на лидерот на опозицијата и поранешeн претседател на парламентот, Хулио Борхес, поради сомневање за вмешаност во обидот за убиство на претседателот Николас Мадуро.