Papillon: Ново бегство од затвор на филмското платно

Точка

14/08/2018

20:27

2.792

Големина на фонт

а а а

Тематиката бегство од затвор вечно ќе биде популарна во кинематографијата. Овој пат Рами Малек и Чарли Ханам заедно го кројат планот за најдоброто бегство некогаш направено во ексклузивниот видео клип за новото филмско остварување Papillon.

Ханам, кој го гледавме во ТВ серијата "Sons of Anarchy", ја игра улогата на Хенри Папилон Шриер, крадец кој е испратен во казнената колонија на Ѓаволскиот остров, откако го наместиле за убиство. Оваа улога е нова адаптација од онаа од 1973 година која ја толкуваше Стив Меквин. 


На бродот кој се движи кон Јужна Америка, Папилон создава алијанса со срамежлив фалсификатор на пари, Луис Диего, кој е осуден на доживотна казна поради произведување на лажни обврзници. Тогаш, Папилон му приоѓа и му го соопштува својот совршен план: тој ќе го заштити Диего и парите кои ги сокрил, доколку му помогне да побегне. Улогата на фалсификатор последниот пат му беше доделена на Дастин Хофман, додека во новото остварување улогата ќе ја толкува Рами Малек, кој наскоро ќе го глуми и Фреди Меркјури во претстојниот биографски филм Bohemian Rhapsody.


Овој филм ќе се снима според двете автобиографии кои ги напиша Хенри Папилон Шриер. Книгите биле основа и за филмот во 70 години, додека новата адаптација ќе ја режира Мајкл Ноер, а во кино салите треба да се прикажува на 24 август.



Спонзорирани линкови

Маркетинг