Ентони потпиша за Хјустон, но дали ова ќе значи крај на неговата неверојатна и импресивна серија (ФОТО)

Дерби

14/08/2018

10:56

1.271

Големина на фонт

а а а

Ветеранот Кармело Ентони и дефинитивно го заврши, затвори прашањето за тоа во кој клуб ќе настапува наредната сезона-тоа е составот на Хјустон Рокетс со кого потпиша едногодишен договор вреден 2,4 милиони евра.

Мело треба да му помогне на Хјустон да направи исчекор, да отиде чекор понапред во однос на минатата сезона во која „ракетите“ беа на една победа од битката за титулата во НБА лигата. Дали тоа е возможно ќе покаже времето особено поради фактот што Ентони доаѓа во Тексас по една многу лоша сезона во дресот на Оклахома Сити Тандер каде постигнуваше во просек по 16 поени (за прв пат под 20 кошеви). 

Прашање и дилема е и каква улога ќе има Мело во Хјустон, а дел од реномираните медиуми спомнуваат и дека тој може да не биде стартер, поточно да влегува од клупата за резерви.

Ако ова се случи ќе се прекине една неверојатна серија на ѕвездата која досега ниту еднаш нема одиграно меч на кој не бил стартер, односно од неговиот влез во НБА лигата во 2003 година бил во почетната петорка на сите 1054 натпревари.


Во овој период ова му нема успеано на ниту еден играч, па ниту на Леброн Џејмс кој има еден минус во оваа категорија кој датира од 2007 година кога како играч на Кливленд Квалирс влезе како резерва на пресметката против Индијана Пејсерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг