Уапсен маж во Лондон: Со автомобил се забил во оградата на британскиот Парламент, има повредени

Точка

14/08/2018

10:02

1.573

Големина на фонт

а а а

Еден маж е уапсен изутринава во Лондон откако со својот автомобил удрил во безбедносната ограда пред зградата на британскиот Парламент, соопштила полицијата, наведувајќи дека се повредени неколку пешаци.

Инцидентот се случил околу 7:30 часот по локално време. На лице место пристигнале поголем број припадници на полициските сили, како и возило на Итната помош и пожарникари. 

Лондонската полиција го потврдила случајот на својот Твитер профил и напишала дека возачот е во притвор.

Зградата на британскиот Парламент е опкружена со челична и бетонска заштитна ограда. Засега не се познати причините за инцидентот.

Еден од сведоците за "BBC" изјавил дека автомобилот намерно се забил во оградата.

"Долета" со голема брзина", изјавил тој.