Меркел: Нема промена на границите на Балканот, изгледа мораме да повторуваме секој пат

Макфакс

13/08/2018

15:33

1.779

Големина на фонт

а а а

Нема да има промена на границите на Западен Балкан, тоа очигледно мораме да го повторуваме секој пат, порача денеска германската канцеларка, Ангела Меркел и додаде дека постои европска перспектива за сите земји од Западен Балкан.

„Генерално е подобрена соработката на Западен Балкан. Ги охрабруваме лидерите на земјите од овој регион што повеќе да соработуваат. Разговаравме и за миграциската криза и ќе направиме се за да и помогнеме на Босна и Херцеговина во решавањето на овие проблеми и да и заблагодариме на хуманиот третман кон бегалците“, изјави Меркел по средбата со босанското претседателство во Берлин.