На денешен ден, 13-август 2001 е потпишан капитулантскиот охридски договор со кој Македонија е претворена во некаква збирштина на заедници – македонска, албанска, турска, влашка, српска, бошњачка, ромска и други заедници и на тој начин само Македонците останаа без своја национална држава, велат од Единствена Македонија.
Во соопштението на Единствена Македонија се додава дека охридскиот договор и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест, тој договор не е резултат на неспособноста на македонските безбедносни сили кои можеа да ги решат во секое време терористите од ОНА, туку е резултат на политички сценарија и македонско предавничко раководство во т.н. широка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во 2001 година, велат од партијата.
Седумнаесет години подоцна, додаваат од Единствена Македонија, повторно имаме инсталирана власт од странски центар во обидот со нов преспански договор да го избрише македонскиот народ со промена на вековното македонско име и идентитет.
Првата задача на новата легална власт на Единствена Македонија, додаваат е поништување на сите антидржавни и антимакедонскидоговори од 1991 и конституирање на Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право.