Ким се "разголе": Лидерот на Северна Кореја се појавил во хит издание

Точка

11/08/2018

14:50

6.124

Големина на фонт

а а а

Најновите фотографии од Ким Јонг Ун кои ги објавија државните медиуми во Северна Кореја, за прв пат го прикажуваат лидерот како позира пред репортерите во поткошула, без препознатливиот горен дел од костумот.

Во текот на посетата на еден рибник, Ким го соблекол своето одело, кое уредно, префрлено преку раце го носела неговата сопруга Ри Сол-ју, додека останатите членови на делегацијата останале во своите униформи наспроти топлото време кое со денови ги мачи жителите на корејскиот полуостров. 

На почетокот на посетата Ким се појавил со сламен шешир на главата и во посветол костум од обично, со препознатливи широки панталони.

Со оглед на високите температури кои тој ден достигнувале и до 37 Целзиусови степени, Ким Јонг Ун го соблекол сакото и одлучил да се прошета во поткошула со кратки ракави, на која и биле откопчани и горните две копчиња.




Спонзорирани линкови

Маркетинг