Научниците во шок после земјотресот во Индонезија, копното на островот е подигнато за 25 сантиметри, а 387 лица загинаа

Точка

11/08/2018

12:18

3.138

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес го погоди Ломбок, Индонезија каде речиси 400 лица загинаа, а копното на островот се подигна за 25 сантиметри, соопштуваат научниците.

Според најновите податоци на националната агенција за ублажување на катастрофата, во земјотресот загинаа 387 луѓе. 

Спасувачките екипи сепак и понатаму продолжуваат со потрагата за да се осигураат дали има уште луѓе затрупани под рушевините.


Научниците на НАСА и Институтот за технологија на Калифорнија на основа на сателитските снимки од Ломбок, направени после земјотресот на 5 август воочиле промени на површината на островот.


Во северозападниот дел на островот, во близина на епицентарот, површината на копното е подигната за 25 сантиметри, додека на другите места паднала за 5 до 15 сантиметри.

##https://twitter.com/News247WorldPre/status/1027870936970797057##

Околу 339.000 луѓе, што е 10 % од популацијата на Ломбок, останале без домови, додека уништени се околу 68.000 домови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг