Антиќ извојува многу победи, но за оваа битка мораше да побара помош од друг

Дерби

10/08/2018

22:00

8.696

Големина на фонт

а а а

Македонскиот кошаркарски интернационален и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, успеа да победи на многу полиња во својата кариера.

Тој стана и првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата, а минатата сезона неговиот тим Црвена Звезда и официјално ја одбрани титулата во српското кошаркарско првенство, победувајќи го ФМП Железник.

Меѓутоа не успеа во една битка да победи и мораше да побара помош. Тој на социјалните мрежи, му се пожали на првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов за да ургира за почесто прскање против комарци.

– Дали треба на господинот градоначалник Петре Шилегов да му ги доставиме сметките за АУТАН, и сличните препарати, или да го замолиме да испрска против комарци? Па имај милост, вака не ме јаделе комарци – со сигурност тврдам 36 години, – пиша во негов стил Антиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг