Јакимовски: Немам намера да им се извинам на новинарите за пцостите

Макфакс

08/08/2018

19:34

2.013

Големина на фонт

а а а

По пцостите упатени до новинарите, ексградоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, по излегувањето од судот, изјави дека нема намера да се извини, а новинарите ги подели на професионални и непрофесионални.

„Тие што се коректни сакам да ги поздравам и да им честитам. Немам намера да им се извининам на оние што не се коректни“, рече Јакимовски.Тој се заблагодари на коректноста што ја имал од страна на финансиската и судската полиција. 

Јакимовски попладневно при влезот во судот, запрашан за коментар, на новинарите им се обрати со „Ма, идете у п***у матер“. 

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Управата за финансиска полиција, донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за кои е поднесен предлог за определување мерки за претпазливост. 

Постапката се однесува на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поради злоупотреба на службената положба и овластувањата, како и поради соизвршителство против М.Д., раководител на Секторот за јавни набавки, Н.Н., помошник-раководител на Секторот за финансиски прашања, С.М., раководител на Одделението за норматива во правниот сектор, и А.С., раководител на Одделението за сметководство. 

Осомничените се товарат дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластувањето во три постапки за јавни набавки во Општина Карпош. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец. 

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје за осомничените поднесе предлог за определување мерки за претпазливост, и тоа обврска на обвинетите повремено да се јавуваат на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено да им бидат одземени пасошите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг