Стевчо Јакимовски и четворицата негови соработници останаа без пасоши

Макфакс

08/08/2018

18:23

3.191

Големина на фонт

а а а

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и четворицата негови соработници од општината останаа без патни исправи. Тие исто така во наредниот период ќе треба редовно да се пријавуваат во судот.

Ова се дел од мерките на претпазливост кои што кривичниот суд во Скопје им ги изрече на петмината осомничени од полицијата за злоупотреба на службената положба и овластување во три постапки за јавни набавки.

Јакимовски, по излегувањето од Кривичниот суд, остана на ставот дека се работи за политички монтиран случај и се прави со цел да се дефокусира јавноста. 

,,Нема потреба од вакви спектакли, нема што да кријам”, порача тој, заглагодарувајќи им се на финансиската и судската полиција, како и на Бирото за јавна безбедност за коректниот однос. 

Тој додаде дека ниту ја злоупотребиле службената функција, ниту имало организиран криминал, ниту некој нешто украл, ниту некој нешто однел дома. ,,Општинските бараки се таму, плоштадот е таму и навистина нема смисла што се малтретираат моите колеги за работа што нема никаква врска со корупција и уште помалку со организиран криминал”, рече Јакимовски. 

Адвокатот Виктор Цветковски кој го застапува Јакимовски најави дека ќе поднесе жалба на мерките за претпазливост, посочувајќи дека се работи за случај во кој воопшто не постои дело. 

Основното јавно обвинителство претходно соопшти дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања Јакимовски и неговите соработници го оштетиле буџетот на општината Карпош вкупно за 36.634.675 денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг