Четворица вработени во општина Карпош донесени во судот

Макфакс

08/08/2018

15:34

1.962

Големина на фонт

а а а

Финансиската полиција на распит ги донесе лицата кои се осомничени за злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки во општина Карпош, за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски, кој исто така беше приведен во врска со овој случај.

Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.

Финансиската полиција освен против Јакимовски поднесе кривична и за М.Д. во својство на раководител на секторот за јавни набавки, Н.Н. во својство на помошник-раководител на секторот за финансиски прашања, С.М. во својство на раководител на одделението за норматива во правниот сектор и А.С. раководител на одделението за сметководство.

Тие се спроведени во судот каде што судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост, додека Јакимовски и натаму се наоѓа во полициска станица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг