Ниту еден политички субјект нема право да договара промена на името, велат од Обединетата Македонска Дијаспора

Макфакс

08/08/2018

09:59

1.185

Големина на фонт

а а а

Од Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) преку соопштение ја информираат јавноста дека по основ на референдумот за името, нејзиниот став е непроменет од основањето до денешен ден.

Оттаму велат дека без разлика која партија или владејачка коалиција се обидува да ја валидизира промената на уставното име на Република Македонија преку референдумско прашање, ОМД како најголема и независна организација на македонската дијаспора децидно ќе се спротистави на истото, како што го прави тоа и во годините наназад.

Според ОМД, никој политички субјект не располага со мандат да преговара или уште помалку договара промена на македонското име, идентитет и устав.

„Согласно тоа, повеќе од една деценија, ОМД повикува на прекинување на преговорите за промена на името кои нанесоа поголема штета отколку бенефит за Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Сметајќи дека одрекувањето од сопственото име и посебност по пат на манипулативен и консултативен референдум кој има за цел да валидизира политичко самоволие и исполни ултиматум за евентуално (a не загарантирано) членство во Евро-Атлантската Алијанса, ОМД се залага за бојкот на референдумот како единствено достоинствено решение во заштита на националниот идентитет и суверенитет на Република Македонија.

„Во време кога сите неистомисленици и неподдржувачи на владините аспирации се генерализираат како проруски активисти, ОМД не дозволува нејзиниот став да биде (зло)употребен за политичко-партиски колективни или индивидуални интереси. ОМД е невладина, непартиска и независна организација, која НЕ е дел од меморандумот за бојкот на референдумот потпишан на 5 Август 2018 година помеѓу 28 организации, граѓански иницијативи и политички партии. Проруските и анти-интегративни политики во НАТО и ЕУ на некои од носителите на меморандумот, се спротивни од ставовите на ОМД за НАТО и ЕУ интеграција на Република Македонија под нејзиното уставно име и унифицарани (а не двојни) стандарди за членство, поради кои разлики ОМД се оградува од вклученост во меморандумот“, се наведува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг