Колинда Грабар-Китаровиќ гостувала во популарното британско шоу "Good Morning Britain", а судејќи според коментарите на социјалните мрежи, таа потполно ги освоила Британците.
Колинда во утринската емисија зборувала за Брегзит и притисоците врз жените кои се занимаваат со политика, а поради впечатокот кој го оставила во текот на настапот, гледачите на британската "ITV" ја возвишуваат на сите социјални мрежи.
In an inspiring speech to Good Morning Britain, Croatia's President says the world should not divide itself into categories of men and women. Instead, we should put ourselves into categories of those who want to make change for the better without prejudice towards anyone else. pic.twitter.com/ugnjlZlhkz
— Good Morning Britain (@GMB) August 7, 2018
"Навистина беше инспиративен нејзиниот говор", "Се чини како драга дама, многу подобра од Меј", "Каква прекрасна личност. Убава однадвор и одвнатре. Потполна спротивност на Тереза Меј", "Можеме ли да ја менуваме Тереза за неа?", "Одличен пример за лидер на една земја, а тоа го покажа и на Светското фудбалско првенство", "Убава, елегантна, паметна, секси... Но, пред се претседателка. Се прашувам дали е среќна во животот? Ѝ посакувам среќа и внатрешен мир", биле само дел од коментарите на Твитер под видеото од настапот на Китаровиќ.
Thought she was really inspirational to listen to!
— Charlotte (@jugglingmum2011) August 7, 2018
What a lovely person. Beautiful inside and out The complete opposite to Theresa May #croatiapresident #theresamay #MayMustGoNow
— Lady Charlene of Corrupt UK 🐶 #backto60 (@longtallshazza) August 7, 2018
I liked her, solid, smart, attractive and sensible, maybe other leaders need to listen to her. Come to Britain and run this country please.
— Chris (@netmarketer360) August 7, 2018
Beautiful, Elegant,Smart,sexy🙈...most of all she's prisident but I wonder is she happy in life?I wish her all the happiness and inner peace✌❤
— Maha (@AyneSaleh) August 7, 2018
Настапот на Колинда е објавен и на официјалниот Јутјуб канал на емисијата, во скратена верзија од нешто помалку од седум минути.