(Видео) Јакимовски: Обвинувањата не може да бидат насочени кон мене

Макфакс

07/08/2018

19:55

3.208

Големина на фонт

а а а

Екс-градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски тврди дека работите за кои го сомничат ги вршеле општинските служби и немаат никаква врска со него.

„Овие работи немаат врска со мене како градоначалник, бидејќи се работи на службите. Јас не земам банкарски гаранции. Потпишувам одлука за јавна набавка, одлука за избор на најповолен понудувач, го потпишувам договорот, а потоа се зема банкарска гаранција и сетоа тоа понатаму го работат службите.Очигледно е дека на власта и требаат жртви“, изјави Јакимовски. 

Попладнево во Жданец, во двата дома на поранешниот градоначалник, претрес врши Финансиската полиција. 

Се истражуваат злоупотреби во однос на три јавни набавки, од кои две во 2012 година за општинските бараки и последната за плоштадот во Жданец. 

За време на претресот, присутен е и адвокатот на Јакимовски, Виктор Цветковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг