Марионетската власт се служи со евтини маркетиншки трикови за измама на граѓаните да излезат на референдумот за постигнување на потребниот цензус за да може да го фалсификува референдумот, обвини партијата на Јанко Бачев Единствена Македонија.
„Марионетската власт најбезобразно лаже дека со бришењето на името и идентитетот на македонскиот народ стануваме членка на НАТО и ЕУ каде граѓаните влегуваат во рајот и сите ќе бидат богати, иако Македонија 27 години е со НАТО и ЕУ, а е закована за европското дно.
Единствена Македонија ја разбира желбата на марионетската власт во Скопје за членство на Македонија во НАТО, бидејќи само така ќе го заштитат големото богатство стекнато на криминален начин оти се свесни дека нивните странски газди од НАТО не ги интересира нивниот грабеж, туку бараат само да бидат негови марионети за бришење на Македонија и Македонците, а народот останува да се дави во сиромаштија“, смета партијата.
За опстанокот и просперитетот на Македонија, велат, не треба членство во НАТО и ЕУ, туку нова легална власт во државата која ќе ужива доверба од народот и нека направи национална и социјална револуција што подразбира ревидирање и поништување на сите антимакедонски договори од 1991 и ревизија и одземање на грабежот од околу 15 милијарди евра во изминатите 27 години.