Легендарниот Роналдо проговори за можниот трансфер на Модриќ во Интер

Дерби

06/08/2018

12:50

864

Големина на фонт

а а а

Екипата на Интер е во потрага по уште еден квалитетен играч од средината на теренот, па откако го испушти Артуро Видал сега ќе се обиде да дојде до ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Дали е тоа реално засега останува дилема, бидејќи на истата тема доаѓаат различни информации од Италија и Шпанија. На Апенините се пишува дека Интер има шанса да дојде до Хрватот, додека пак на Пиринеите ситуацијата е поинаква, односно и понатаму го гледаат Лука на „Сантијаго Бернабеу“.

Токму на оваа тема проговори и славниот Роналдо кој исто така е во дилема и не знае како ќе заврши приказната.

- Пазарот е чуден и ќе видиме што ќе се случи. Се надевам Интер ќе дојде до посакуваните резултати, јас сум нивен најголем фан. Модриќ? Не знам дали има договор, ќе видиме што ќе се случи, ама сите големи тимови се засилуваат и Интер не заостанува, - рече легендарниот Бразилец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг