Претседателот Трамп ветил дека ќе ја врати контролата над Федералните резерви од семејството Ротшилд, ослободувајќи ги од штетните прописи кои со децении ја уназадуваат Америка.
Трамп вели дека Федералните резерви (ФЕД) предолго предизвикуваaт зголемување на каматните стапки, креираат огромни долгови и го забавуваат растот на економијата.
"Одборот на гувернери на Федералните резерви мора да има седум членови, но тој има тројца - двајца од моменталните гувернери се поставени на таа позиција од страна на претседателот Трамп", известува "CNBC".
Тие дознаваат дека Доналд Трамп предложил уште двајца членови кои чекаат потврда од Сенатот. Откако тие двајца ќе дојдат во одборот, претседателот ќе предложи уште двајца, што во суштина ќе значи дека Трамп може да постави шест од вкупно седум членови во Одборот.
Сојузниот комитет за отворен пазар има 12 членови и ја поставува монетарната политика на нацијата. Седум од нив се членови на Одборот на гувернери, а уште петмина се претседатели на окружните банки на Федералните резерви. Покрај шефот на банката на ФЕД во Њујорк, останатите четворица можат да ги преземат своите позиции како претседатели на окружните банки, ако одборот во Вашингтон се согласи со нивниот ангажман.
По усвојување на законот Дод-Френк во јули 2010 година, Федералните резерви добија огромна моќ да ја регулираат банкарската индустрија. Тие брзо почнаа да наметнуваат низа правила и воспоставија систем кој би ги казнувал банките кои не ги почитуваат поставените прописи.
Овие правила вклучуваат ограничувања во поглед на тоа колку една поединечна банка би можела да биде голема, колку пари мора да вложат банките во федералните фондови, каде банките можат да ги добијат своите средства и многу повеќе, вклучувајќи го и тоа колку банката би можела да ги плати своите инвеститори во дивиденди.
Ваквите правила значајно ги забавија вложувањата на банките во економијата и имаат штетно влијание врз нивните наеми.
Токму поради тоа, Одборот на Федералните резерви се смета за можеби најрестриктивен од сите владини агенции, а Трамп веќе отпочнал со коригирање на овие неумерености со поставувањето на новиот гувернер на ФЕД, Рендал Куарлес.
Се смета дека ФЕД ја води најзатегнатата монетарна политика уште откако Пол Волкер ја предводеше институцијата кон средината на 80-тите години, чија политика доведе до рецесија.
Моменталната монетарна политика на Федералните резерви е во директна спротивност со економските цели на претседателот, а експертите сметаат дека Трамп може и ќе ја преземе контролата над агенцијата.