Единствена Македонија: Мора да има одговорност за грабежот на народни пари

Макфакс

29/07/2018

18:24

2.118

Големина на фонт

а а а

Марионетската власт во Скопје цела недела ја тресе скандал со кражба на народни пари од министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добивале донации по неколку стотици илјади евра како и тендер на министерот за здравство од 35 милиони евра на фантомска фирма, соопшти Единствена Македонија.

,,Зоран Заев на сето ова лежерно се мајтапи со јавноста дека нема намера да побара оставка од инволвираните во бесрамната пљачка на буџетот. Јавноста е сведок како устата на Зоран Заев секој ден е полна со владеење на правото, одговорност, чесност, моралност”, се додава во соопштението.

Единствена Македонија го прашува Зоран Заев ако скандал со народни пари од околу 45 милиони евра не е доволен барем за морална оставка на инволивирани луѓе на власта, тогаш, што е морал за Заев!? ,,Одговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија”, смета партијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг