Единствена Македонија: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе поделат 4,5 милиони евра од буџетот, а не сите политички партии

Точка

27/07/2018

18:51

1.517

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија ја известува јавноста дека 4,5 милиони евра не одат кај политичките партии, туку главно одат во касата на партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се усогласени буџетското финансирање на партиите да се врши според бројот на пратеници, што значи дека парите од буџетот што го полнат сите граѓани ќе ги добиваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија предлогот на Единствена Македонија парите од буџетот за финансирање на партиите да се делат со утврден фиксен износ по член на партија, со што партиите ќе добиваат буџетски средства според бројот на членови, а не според бројот на пратеници.

Единствена Македонија апелира до медиумите во своите извештаи да не ја користат барем формулацијата „политичките партии годишно ќе добиваат 4,5 милиони евра“ оти се добива впечаток дека сите партии ги делат овие пари, туку прецизно да информираат дека овие пари ги добиваат главно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението на партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг