Бебе во Индонезија се роди со две лица, бидејќи неговиот сијамски близнак не се развил во матката на мајката, пренесува Дејли Меил. 2 месечното дете Гиланг Андик од градот Батама во Индонезија е родено со две лица и два мозоци, но само со една глава и едно тело.
Иако има само едно тело, еден пар раце и нозе, Гиланг е технички споен близнак, а таа состојба се појавува еднаш на секои 250.000 раѓања.
Неговиот сијамски близнак не се одвои од матката, бидејќи јајце клетките на неговата мајка не се разделиле целосно за време на бременоста.
Неговите родители очајнички бараат помош, бидејќи локалните доктори им рекле дека е невозможно да се раздвои со операција. За неговата состојба дознале откако се родил, а докторите на мајката ѝ зборувале дека сè е нормално, освен тоа што детето има поголема глава од очекуваното.
Станува збор за ретко пореметување наречено дипросопус, што се смета за една од најретките деформации во човештвото, а таквите бебиња најчесто не преживуваат после раѓањето. Лекувањето на Гиланг најверојатно ќе бара ризична операција каде ќе му биде отстрането едното лице и еден од мозоците.
Детето исто така страда од ретка состојба наречена хидроцефалус која е предизвикана од собирање на течност во мозокот и на тој начин може да се предизвика трајно оштетување на мозокот.