Мицкоски на средбата со Рот: Нема да го поддржам штетниот договор со Грција

Макфакс

24/07/2018

19:42

874

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со министерот за Европа на Германија, Михаил Рот. Како што соопштија од партијата, Мицкоски нагласил дека еднострано обврзувачкиот договор потпишан со Република Грција е штетен за интересите на Република Македонија и дека тој не може го поддржи.

На средбата, се додава во партиското соопштение, се афирмираа добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која искрено се заложува за интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг