Референдумското прашање да се однесува само на договорот со Грција, бара Мицкоски

Макфакс

23/07/2018

18:40

1.198

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба вели дека Заев е во паника и кажува невистини. Според него, главната разлика била околу текстот за референдумското прашање. Тој рече дека разговарале за формирање на ДИК, формирање на пржинска влада, финансирање на политички партии и повлекување на измените на Изборниот законик, за што се согласиле.


„Ќе се добие нов состав на ДИК, партиите ќе добијат стабилен начин на финансирање и нов закон за влада”

„Се разговараше за карактерот и текстот на референдумот. Ние ги застапувавме интересите на граѓаните имајќи предвид дека парламентарното мнозинство е тоа што ќе ги дефинира деталите. Референдумското прашање мора да биде еднозначно, тоа е и според законот. Имавме приближување кон ставовите околу тоа дека успешен референдум е оној кој е 50+1 и повеќе од пола гласачи од тие кои излегле”, вели Мицкоски.

Тој вели дека не може да се согласат за прашање кое ќе биде со повеќе значења.



Спонзорирани линкови

Маркетинг