Шкендија го доби можниот противник за третото квалификациско коло

Дерби

23/07/2018

14:51

945

Големина на фонт

а а а

Екипата на Шкендија доколку го мине молдавскиот претставник Шериф Тираспол во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите во третото коло ќе се сретне со австрискиот гигант, Ред Бул Салцбург.

Клубот од Тетово има реални шанси да помине во следната фаза со оглед на фактот што Шериф Тираспол е тим кој може, а и мора да се победи.

Доколку Шкендија не успее да го помине тимот на Салцбург во третото квалификациско коло ќе игра во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лига Европа, нешто што не е непознато за тетовци со оглед на фактот што и лани и преклани играа во оваа фаза од натпреварувањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг