Нова шлаканица за Трамп: Му ја одземаат контролата над нуклеарките, еве кој ќе го чува моќниот арсенал

Точка

23/07/2018

11:41

5.532

Големина на фонт

а а а

Со неодамна предложениот закон, американскиот Конгрес ефективно би ѝ ја скратил на администрацијата од Белата куќа контролата над нуклеарниот арсенал на САД.

Американскиот Конгрес во дебатите за усвојување на новиот закон, предлага Националната администрација за нуклеарна безбедност, чија што задача е да ги надгледува американските нуклеарни залихи, да не биде повеќе под директна контрола на одделението на Белата куќа за енергетика.

Доколку законот биде усвоен, тогаш Националната администрација за нуклеарна безбедност на САД ќе стане независно тело.


Иницијативата, која што има за цел да ѝ ја скрати контролата на Белата куќа над американскиот нуклеарен арсенал е критикувана од страна на секретарот за енергетика на САД, Рик Пери и конгресмените од двете партии, но обидите да се откаже усвојувањето на законот засега беа безуспешни.

Портпаролот на секретарот за енергетика на САД, тврди дека ваквиот закон претстаавува закана по националната безбедност на државата.

Трамп вети дека ќе го зголеми американскиот нуклеарен арсенал и нагласи дека нуклеарното оружје со кое што располага американската армија не било модернизирано долго време и прилично застарело.

Претседателот на САД вети дека ќе стартува програма со цел да се унапреди американскиот нуклеарен арсенал и развојот на новите нуклеарни оружја, вклучувајќи ги и оние со ниска содржина на нуклеарно полнење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг