Во Јужна Африка убиени 11 таксисти кои се враќале од погреб на колега

Макфакс

22/07/2018

16:43

2.644

Големина на фонт

а а а

Единаесет таксисти се убиени во Јужна Африка, додека се враќале од погреб на нивен колега.

Возачите, сите од здружението на таксисти од провинцијата Гаутенг, се возеле во минибус при враќањето од гробиштата кога од заседа биле нападнати со огнено оружје.

„Возилото е нападнато од заседа. Има 11 мртви, додека четворица се сериозно повредени и се наоѓаат во болница“, изјави портпаролот на локалната власт и додаде дека во оваа област владее големо насилство меѓу таксистите, но се уште се испитува случајот и се трага по напаѓачите.

Минибусите во Јужна Африка се најпопуларна форма на такси превоз. Евидентирани се голем број случаи на насилство меѓу конкурентните групи, кои се борат за доминација кога се работи за профитабилни дестинации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг