Трамп збеснал: Поранешен адвокат тајно го снимал неговиот разговор за исплата на Плејбој зајачицата

Точка

22/07/2018

11:30

3.954

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна својот поранешен адвокат Мајкл Коен кој што наводно го снимил неговиот разговор за исплата на поранешната Плејбој зајачица Карен МекДогал.

Снимката била откриена за време на претресот на домот на Коен во Њујорк. Трамп веднаш на Твитер порача дека тоа што неговиот адвокат тајно го снимал е незаконско, додека пак тој веднаш му возврати дека „не е во право“.

„Незамисливо е владата да провали во адвокатска канцеларија рано наутро – речиси невидено нешто“, напиша Доналд Трамп алудирајќи на рацијата на ФБИ во април и додаде: „Уште понезамисливо е тоа што адвокат го снимал својот клиент. Тотално невидено и веројатно незаконско. Добра вест е тоа што вашиот драг претседател нема сторено ништо лошо“.


Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани изјави дека Коен го снимил разговорот на Трамп во септември, два месеци пред претседателските избори во САД во 2016-та година, а во разговорот се расправало за откупување на правата на приказната на Керен МекДогал која што тврди дека му била љубовница на Трамп.

МекДогал инаку тврди дека била во љубовна врска со Доналд Трамп во 2006-та година, недолго откако неговата сопруга Меланија го родила нивниот син Барон. Таа пред крајот на изборната кампања својата приказна му ја продала на весникот “The National Enquirer” за 150 илјади долари, но весникот никогаш не објавил ништо затоа што бил во сопственост на пријател на Трамп.


Џулијани вчера потврди дека разговорот се случил во “Trump Tower” во Њујорк и дека Коен сето тоа тајно го снимил. Засега не е познато со какви пари била исплатена приказната на МекДогал, а доколку се докаже дека таа добила пари од кампањата, тоа би значело прекршување на сојузниот закон за избори, по што Трамп ќе се соочи со големи проблеми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг