Нема мир на Блискиот исток: Израелските авиони изведоа нови напади на Појасот Газа

Точка

21/07/2018

12:13

2.056

Големина на фонт

а а а

Израелската војска спроведе голема операција и изведе голем број на воздушни напади на Појасот Газа.

Од израелската војска синоќа потврдија дека започнале „големи воздушни напади“ на Појасот Газа. Веста за нападот доаѓа само неколку дена подоцна откако израелските воздушни сили го изведоа најголемиот воздушен напад на Појасот Газа од големите судири во 2014-та година.

Како што пренесуваат израелските медиуми повикувајќи се на соопштението на израелските вооружени сили, актуелните напади на военото воздухопловство се одмазда за вооружениот напад на нивните сили од правец на Појасот Газа претходно во текот на изминатите неколку дена.


„Денешниот напад на израелската армија се смета за одговор на непријателските активности на Хамас кои што траат веќе неколку месеци со зголемен интензитет. Хамас одлучи да ја ескалира ситуацијата и сега ќе ги сноси последиците за своите потези“, соопштија од израелските вооружени сили.

Ескалацијата исто така се случува додека траат масовните протести на Палестинците од Појасот Газа – повеќе од 3 месеци демонстранти од Газа редовно доаѓаат на израелската граница барајќи прекин на блокадата и нивно враќање на израелска територија.


Досега беа забележани бројни инциденти, а Палестинците често се обидуваат да ја пробијат заштитната ограда на границата, по што израелските војници неретко возвраќаат со огнено оружје. Најкрвав беше 14-ти мај кога беа убиени над 60 палестински демонстранти во големите судири на границата.

Како што пренесува израелски “The Times of Israel”, после овој напад се почесто се споменува започнување на „Четвртата војна во Газа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг