Активни се повеќе од 50 пожари во Шведска поради невообичаените високи температури, властите бараат помош

Точка

20/07/2018

21:20

3.525

Големина на фонт

а а а

Шведска ја зафатија силни шумски пожари, дури и во арктичкиот поларен круг, поради што владата одлучила да побара помош од другите европски држави. Премиерот Стефан Левен изјави дека неговата влада работи од "минута во минута" за да ги обезбеди неопходните ресурси за стотина пожарникари и други лица кои се ангажирани за гаснење на околу 50 шумски пожари.

Помошта веќе пристигна - во вид на авион "канадер" и хеликоптер како и луѓе. Земјите кои ветила дека ќе им помогнат се Данска, Германија, Франција и Литванија, а од Италија и Норвешка веќе пристигна помошта. 


Температурите во Шведска и соседна Финска оваа недела го надминаа 32 степен, а шумите во западниот и централниот дел на државата се опфатени од пожари, но и на далечниот север.

Властите наведуваат дека пожарите опфаќаат површина од 2.500 хектари и се шири со брзина од десет метри во минута. Метеоролозите во претходните неколку денови предупредувале на екстремно високи температури во Шведска со напомена дека не е вообичаено топлотниот бран да трае толку долго.


Рекордната температура над 33 степени Целзиусови е пријавена во градот Упсала, северно од Стокхолм, а во остатокот од земјата пријавени се температури од над 30 степени Целзиусови.

Да се потсетиме дека Шведска и на почетокот на јуни имаше проблеми со пожарите, па тогаш најмалку 25 лица биле евакуирани поради шумските пожари кои се појавија на југоистокот на земјата додека десетина пожарникари, припадниците на воениот екипаж и пет хеликоптери се обидувале да ја стават под контрола огнената стихија.






Спонзорирани линкови

Маркетинг