Семејството Ватиќ излезе со чист образ и крената глава, рече адвокатот на ослободениот Сафет Ватиќ

Макфакс

20/07/2018

15:03

2.419

Големина на фонт

а а а

„Семејството Ватиќ излезе со чист образ и крената глава“, изјави по изрекувањето на пресудата за случајот „Труст“, адвокатот на ослободениот Сафет Ватиќ, Ванчо Митев. „Респект за судот. Пресудата не ја доживувам како лична победа, или како пораз на обвинителството“, рече адвокатот пред новинарите.

Мујо Ватиќ, пак, еден од сопствениците на „Вато“, рече дека правдата е достапна за секој кој е праведен, како што рече со новата власт.

Судот денеска го осуди бизнисменот Сеад Кочан на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО, а Василије Авировиќ на три години. Тие се осудени за злоупотреба на постапката за јавна набавка. И двајцата добија забрана за вршење дејност и да бидат управители или одговорни лица на правно лице во траење од 3 години. Третообвинениот во предметот, Сафет Ватиќ, е ослободен од обвинението, како и неговата фирма „Вато“ ДООЕЛ.

Василије Авировиќ не беше присутен на изрекување на пресудата. Според неговата одбрана, тој не се чувствувал добро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг