Земјата крие милијарда тони дијаманти

Точка

20/07/2018

10:36

2.643

Големина на фонт

а а а

Дијамантите се наоѓаат на длабочина меѓу 145 и 240 килограми под површината, што е подлабоко до досегашните бушотини.

Под површината на Земјата се наоѓа огромно богатство од неколку милијарди тони дијаманти, соопштиле научниците од престижниот Институт за технологија MIT во американската сојузна држава Масачусетс. 

Меѓутоа, истражувачите предупредиле дека засега не постои брзање да се дојде до нив бидејќи се наоѓаат меѓу 145 и 240 километри под површината на планетата, многу подлабоко од досегашните бушотини и можностите на технологијата.

"Не можеме да дојдеме до нив, а има многу повеќе дијаманти од тоа што мислевме претходно", рекол научникот Улрих Фаул и додал дека дијамантот не е само егзотичен минерал, туку нешто релативно заедничко за целата Земја.

Вулкански ерупции

Користејќи сеизмологија за да се анализира како звучните бранови минуваат низ Земјата, научниците откриле карпи кои ја прекриваат Земјината кора создавајќи облога околу неа.

По дополнителните истражувања било откриено дека карпите се од дијаманти и дека Земјата под својата површина има многу повеќе дијаманти од тоа што се сметало првенствено.

Научниците додале дека тие дијаманти нема во брзо време да се најдат во скапите јувелирници бидејќи би биле потребни многу силни ерупции на вулканите за дојдат во близина на површината на Земјата, а такви ерупции се случуваат многу ретко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг