Трамп го повикал Путин во Белата куќа: Шефот на американските разузнавачи останал во шок, еве што кажал кога слушнал дека пристигнува рускиот претседател

Точка

20/07/2018

10:31

5.578

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му наложил на советникот за национална безбедност, Џон Болтон, да го повика рускиот претседател Владимир Путин на есен да го посети Вашингтон.

Тоа денес го навела портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс. Таа рекла дека "разговорите се веќе во тек" за есенска средба на двајцата претседатели. До состанокот најверојатно би дошло во Белата куќа, но Сандерс не го прецизирала местото. Трамп на Твитер напишал дека се радува на втората средба. 

Колку таа информација ја изненадила не само јавноста, туку и администрацијата, сведочи и реакцијата на директорот на американските разузнавачки служби, Ден Котс, на кого модераторот на расправата на една конференција на која учествувал, му соопштила дека Белата куќа на Твитер само што го најавила доаѓањето на Путин во Америка.

Котс, кој пред тоа зборувал за националната безбедност и руското влијание на американските избори, видно збунет, кисело се насмеал и шокиран изговорил: "Молам. Можете тоа да го повторите?".

Нешто порано, Котс признал дека уште нема никакви информации дека за разговорот на Трамп со Путин во Хелсинки на кој присуствувале само нивните преведувачи.

"Самитот со Русија беше голем успех, освен вистинските непријатели на народот, медиумите со лажните вести", напишал Трамп во четвртокот на Твитер по бранот од критики во САД.

"Се радувам на нашата втора средба за да можеме да започнеме имплементација на некои од работите за кои расправавме, како сопирање на тероризмот, безбедноста на Израел, нуклеарната пролиферација, кибернетичките напади, трговијата, Украина, мирот на Блискиот исток, Северна Кореја и други работи", порачал тој.

Путин истиот ден во Москва предупредил на "сили во САД кои се подготвени да ги жртвуваат руско-американските односи" поради свои амбиции.

Не наведувајќи имиња, рекол дека станува збор за американски политичари кои ги ставаат своите "тесни партиски интереси" над најважните интереси на САД и дека се доволно моќни своите лажни приказни да ги пласираат на милиони Американци.

Во говорот пред руските амбасадори истакнал и дека е тешко да се очекува дека проблемите стари неколку години да се решат за неколку часа, но дека се тргнало кон подобрување на билатерлните односи.

"Севкупно беше успех кој доведе до неколку корисни договори. Секако, ќе видиме како ќе се развиваат понатаму работите", заклучил Путин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг