Единаесет мртви откако туристички брод се преврте во САД, нуркачите трагаат по исчезнати

Макфакс

20/07/2018

09:46

1.549

Големина на фонт

а а а

Најмалку 11 лица загинаа во Мисури, откако се превртел брод кој превезувал туристи по езеро, соопшти полицијата.

Амфибиското возило „Ride the Ducks“ на кое имало 31 патник се превртело на езерото Table Rock во близина на Бренсон во Мисури, рече шeрифот на округот, Даг Радер.

Седум лица се пренесени во болница, а нуркачите трагаат по исчезнати. Невремето над езерото наишло неверојатно брзо, објаснил Рик Кетелс, сопственик на одморалиштето Lakeside, туристички комплекс на бреговите на езерото.

„Живеам тука поголем дел од мојот живот, но никогаш не сум доживеал таква страшна бура“, рече тој. Локалната метеоролошка прогноза не предупредила на опасност од бура, додал Кетелс. Езерото Table Rock се наоѓа во јужниот дел на државата Мисури, на границата со Арканзас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг