Ред Бул: Видовме што се случува со Мерцедес кога ќе ги притиснете

КРУГ.МК

19/07/2018

13:45

1.219

Големина на фонт

а а а

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека Мерцедес се ранливи и прават грешки кога се под притисок и верува дека неговиот тим традиционално има силна форма во вториот дел од сезоната што може да ги притисне “сребрените“ уште повеќе.

Ред Бул имаат три победи сезонава досега, исто како и Мерцедес и само една помалку од лидерите во пласманот, Ферари, но проблемите на почетокот на сезоната ја чинеа екипата од Милтон Кинг многу и тие сега заостануваат 88 поени позади Ферари.

Но од друга страна, Ред Бул освои повеќе поени од Мерцедес во последните пет трки, благодарејќи најмногу на двојното откажување во Австрија, но Хорнер верува дека дополнителниот притисок во вистинската борба за титула создава проблеми за Мерцедес.

„Мислам дека историски по летната пауза секогаш сме многу силни кон крајот од првенството, така што ако може да излеземе од паузата сеуште конкурентни, релативно сум убеден дека може да се бориме во последната третина од сезоната на патеки кои одговараат на нашите карактеристики.

Потоа ќе стане многу интересно кога притисокот ќе се зголеми, дали помеѓу возачите, стратегиите, механичарите, сетапот, инженерите, ќе се зголеми ширум целата организација. Тогаш ќе ја видите нашата силна страна и карактерот на овој тим.

Мислам дека ако погледнете кон Мерцедес нивната единствена конкуренција е од внатрешноста помеѓу возачите, така што никогаш не биле во позиција каде што морале да се борат против друг тим цела сезона. Секако, колку сте поблиску до крајот на сезоната, притисокот е се поголем.

Ова е ново искуство за нив. Очигледно се многу способни луѓе, но доколку сме доволно блиску, наша улога е да ги притиснеме, бидејќи видовме што се случува со Мерцедес кога ќе ги притиснете и подлежат на грешки“, изјави Хорнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг