5 годишно дете почина од редок вид на рак на родителите им оставило писмо за тоа како сака да изгледа неговиот погреб. Малиот Гарет Матијас со помош на родителите во деновите пред смртта го напишал сопствениот некролог кои тие го објавиле на Интернет страницата на погребалната служба во американската држава Ајова.
"Ме загрижуваше фактот дека во нормалниот некролог не добивате многу информации за тоа каква некоја личност била. Сакав луѓето да дознаат каков беше Гарет и ми падна на памет дека тој би можел да раскаже со сопствени зборови", рекла неговата мајка Емили за BBC.
Тој опишал што најмногу сака: "Играње со мојата сестра, палавиот зајак, траш метал, Лего коцки, пријателите од градинка, Бетмен и кога ме успиваат пред да ме приклучат на хемотерапија", додек работите кои ги мразел се: "Панталони, глупавиот рак, кога ме приклучуваат на хемотерапија, игли и мајмунски нос".
Кога го прашале за смртта, тој одговорил: "Кога ќе умрам, сакам да бидам горила".
На родителите им објаснил што сака да направат со неговото тело кога ќе умре.
"Сакам моето тело да го изгорите и да биде претворено во стебло за да можам да живеам на него кога ќе бидам горила. Погребите се тажни. Јас на својот сакам пет кучиња на дување, Бетмен и сладолед", вели тој.
На крајот од писмото Гарет напиша: "Се гледаме подоцна, лузери".
Неговите последни зборови беа пренесени од многу светски медиуми, а се проширија и на социјалните мрежи.
"Ни се јавуваа луѓе ширум светот. Изненадени сме тоа што зборовите на Гарет допреа толку многу луѓе", рекла неговата мајка.
Во склад со неговите желби, погребот на Гарет беше прослава на животот.
"Погребите не мора да бидат тажни. Иако сме очајни и скршени од губењето на нашиот син, прославата на неговиот живот беше неверојатно искуство", вели таа.