Што и да каже, популарноста на Трамп не опаѓа

Макфакс

18/07/2018

12:44

1.325

Големина на фонт

а а а

Повеќе од половина од Американците не се согласуваат со тоа како претседателот Доналд Трамп управува со односите со Русија. Сепак, ваквиот податок не влијание на неговата популарност.

Трамп на средбата со Путин во Хелсинки одби да ја обвини Русија дека се мешала во претседателските избори во САД во 2016.

Резултатите од последното истражување што го спроведе агенцијата „Ројтерс“ во соработка со институтот Ипсос, по самитот и заедничката прес-конференција на Трамп и Путин, покажаа дека 42 отсто од регистрираните гласачи ги одобруваат акциите на Трамп како претседател на САД.

За споредба, досега Трамп уживаше дневна поддршка од 40 до 44 отсто кај Американците.

Последната анкета покажа и дека 55 проценти од американските испитаници, од редот на регистрираните избирачи, не го одобруваат начинот на кој Трамп менаџира со односите со Русија, додека 37 отсто ги одобруваат неговите потези.

Меѓу републиканците, 71 отсто велат дека немаат ништо против политиката Трамп кон Русија, додека кај демократите 14 отсто имаат такво мислење.

Трамп и натаму ужива голема поддршка од републиканските гласачи и покрај критиките што доаѓаат од партиските лидери за неговите изјави и постапки додека заедно со рускиот претседател, Путин, одговараа на новинарски прашања по средбата во Хелсинки.

Анкетета на „Ројтерс“ и Ипсос открива и јасна поделба меѓу републиканците и демократите кога станува збор за прашањето дали Русија треба да се смета за непријател на САД.

Вкупно 38 отсто од регистрираните гласачи сметаат дека Русија е непријател на САД, додека речиси ист процент од испитаниците веруваат дека Русија е конкурент. Само осум проценти ја сметаат оваа земја за пријател.

Како директна закана, кон Русија гледаат 27 отсто од регистрираните гласачи во САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг