Мурињо посочи што значи трансферот на Роналдо во Серија А

Дерби

18/07/2018

12:25

1.777

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо со својот тим е на подготовки во САД каде се подготвува за новата сезона.

Запрашан во врска со трансферот на Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус даде коментар дека трансферот на Португалецот ја крева вредноста на италијанската лига и ја прави број 1 во моментот.

– Потегот на Јувентус е за поздрав, како за напредок на лигата, така и од маркетингшки аспект. Вниманието ќе биде вперено во италијанската лига и сега Серија А од пристигнувањето на Роналдо ќе биде број 1. Примера Дивисион и Премиер лигата ќе бидат позади Серија А. Не дека нема пак да бидат атрактивни другите лиги, да не заборавиме во шпанското првенство игра Меси, а а во англиското првенство играат голем број познати играчи.Само едно големо браво за потегот на Јуве, – изјави ,,Специјалниот”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг