Мини-цунами бранови ја погодија Шпанија: Поплавени се популарните туристички летувалишта...

Точка

17/07/2018

16:33

3.671

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат шпанските медиуми, еден ист ваков природен феномен го погодил јапонски Нагасаки во 1979-та година при што животот го загубиле три лица.

Метар и пол високи бранови на таканаречено „метео-цунами“ или „миницунами“, феномен кој што Шпанците го нарекуваат „Рисага“, ги погоди Мајорка и Менорка, популарните туристички летувалишта на шпанскиот брег.

Необичниот феномен зад себе остави потопени плажи, а бројни барови и автомобили се најдоа под вода или беа вовлечени во морето.

За време на невремето брановите ги потопиле околните патишта, а на видео снимките е видливо како луѓето во паника се обидуваат да ги спасат своите бродови. Засега нема информации за повредени, а за цела среќа „миницунамито“ настанало кога плажите биле полупразни.

Овој природен феномен кој што исто така се нарекува „метеоролошки цунами“, носи големи бранови кои се генерираат кога брзите промени во барометарскиот притисок предизвикуваат „поместување на телото на водата“, објаснуваат шпанските медиуми.





Спонзорирани линкови

Маркетинг