Европа го одби барањето на САД за економска изолација на Иран

Макфакс

16/07/2018

20:34

1.498

Големина на фонт

а а а

Европа денеска го одби барањето на Соединетите Американски Држави за економска изолација на Иран и го усвои правниот инструмент за заштита од американски санкции на европските компании што се присутни во Иран, изјави Федерика Могерини по состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ.

Првиот бран американски санкции ќе стапи во сила на 6 август, а вториот е најавен за 4 ноември.

Многубројни европски компании одлучија да се повлечат од Иран доколку не бидат иземени од санкциите. Могерини призна дека ситуцаијата е тешка бидејќи, како што рече, не може да се игнорира тежината на САД во светската економија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг