Колинда одржала говор во соблекувалната на Хрватска, па се расплакала

Точка

16/07/2018

13:49

6.539

Големина на фонт

а а а

Веќе традиционално, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ и вчера ја посетила соблекувалната на "коцкестите", па овој пат одржала и краток говор. Не можела долго да зборува, ја стигнале и солзите.

"Драги наши, толку бевте добри вечерва, малку фалеше", рекла Колинда и се расплакала. 

А традицијата на влегување во соблекувалната на Колинда почнала пред две седмици, по победата на Хрватска над Данска.

Откако се поздравила со селекторот Далиќ, почнала да ги прегрнува полуголите и испотени фудбалери.

На авантурите по соблекувалните на фудбалерите на СП тука не им бил крајот. Фудбалерите ги посетила и по победата над Русија во четвртфиналето. Откако приредила шоу на теренот по завршувањето на финалето меѓу Франција и Хрватска, кое Французите го добија со 4-2, хрватската претседателка влегла и во соблекувалната на француските фудбалери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг