Роналдо пристигна во медицинскиот центар во Торино

Дерби

16/07/2018

11:45

1.857

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо утрово пристигна на прегледи во медицинскиот центар на Јувентус. Како и што се очекуваше, пред центарот беа собрани огромен број на фанови кои му посакаа добредојде на најдобриот фудбалер на светот.

Кога Роналдо излезе од зградата, фановите буквално полудеа, а Португалецот им пристапи и ги додели првите автограми на популарните „Јувентини“.

Веднаш по формалните медицински прегледи, ќе следи и потпишување на договорот, а потоа и главниот настан за вечерва, претставувањето во новиот дрес.

,/center>



Спонзорирани линкови

Маркетинг