Најмалку десет загинати во анти-владините протести во Никарагва

Нетпрес

16/07/2018

11:24

1.748

Големина на фонт

а а а

Најмалку десет лица биле убиени во Никарагва од локалната полиција и паравоените групи лојални на претседателот Даниел Ортега, информираше ниегриското Здружение за човекови права, со што продолжува да расте бројот на смртни случаи во насилни судири во оваа централноамериканска држава.

Тие беа убиени при напад на владините сили врз заедницата Монибо и градот Масаја, кој се наоѓа на околу 25 километри југоисточно од главниот град Манагва, изјави Алваро Леива од Здружението за човекови права.

Како што за АФП сведочеле мештаните и членови на Здружението за човекови права, Масаја е целосно опкружена, а владините сили вооружени со автоматско оружје со механизација и оклопни возила ги отстрануваат барикадите, додека локалните демонстранти одговараат со камења и рачно изработени бомби.

Никарагва од април ја тресат протести во кои се бара оставка на претседателот, а според некои проценки, досега во немирите загинаа повеќе од 300 луѓе, што претставуваат едни од најкрвавите конфликти во земјата од крајот на граѓанската војна во 1990 година.

Протестите првично почнаа поради предложените пензиски реформи, а иако претседателот Ортега, поранешен марксистички герилски лидер, набрзо го повлече предлогот истите тие продолжија, пред се поради незадоволството на граѓаните од репресијата и бруталната реакција на властите со која во првите неколку дена од протестите беа убиени 27 лица.

Епископската Конференција на Никарагва, која е посредник во кризата, во саботата обезбеди ослободување на десетици студенти- демонстранти заробени во текот на ноќта во црква изложена на вооружен напад на приврзаници на режимот, а при што загина најмалку едно лице, информираше Здружението за човекови права.

Владата на Никарагва не коментираше за најновите случувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг