Единствена Македонија ја споделува големата радост со македонскиот народ и поголем дел од граѓаните, кои, синоќа, преку празните плоштади и очајната посета на НАТО-журките, кажаа НЕ на капитулантските политики на марионетската власт во Скопје.
„Со големиот сенароден отпор против НАТО-журките налик на своевиден консултативен референдум се виде дека народот не прифаќа промена на име и влез во НАТО и ЕУ.
Дури и Македонската радио телевизија како национален сервис прво најави дека ќе обезбеди пренос во живо од главната прослава во Скопје, а во последен момент ја смени програмата откако ја видоа очајната посетеност на, како што ја нарекоа од марионетската власт „Големата граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“.
Во новонастанатите околности кога народот синоќа се изјасни, сега повеќе нема потреба од референдум и најдоброто можно решение е марионетската власт во Скопје да ја информира грчката влада дека договорот за промена на името повеќе не важи.
Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните синоќа си го кажаа своето мислење. Се е јасно како ден!“ соопштија од Единствена Македонија.