Единствена Македонија: Марионетската власт да престане со провокации оти после плачат кога ги тепаат

Макфакс

14/07/2018

15:50

2.428

Големина на фонт

а а а

Партијата Единствена Македонија реагира за вечерашната прослава за поканата во НАТО.

„Марионетската власт во Скопје со најновата НАТО журка низ 15 градови низ државата, продолжува со провокации спрема народот налик на оние од 27 април лани кога со слични провокации го принудија народот да влезе во Собранието во одбрана на уставниот поредок. Единствена Македонија ја разбира уплашеноста на марионетската власт дека народот не сака во НАТО и промена на името, но, ова не им дава за право со прослави да шират лаги бидејќи Македонија ниту доби покана за членство во НАТО ниту доби датум за преговори со ЕУ. Дотолку повеќе, т.н. НАТО журка е уште и луксузирање врз грбот на граѓаните со бесмилосното трошење на народни пари од буџетот“, пишува во соопштението.

Единствена Македонија вели дека “најдобронамерно ја советува марионетската власт во Скопје да престане со провокации спрема сопствениот народ оти после плачат кога ги тепаат, дотолку повеќе, може да дојде до немили настани во кои рушењето на Македонија и Македонците нема да остане само на тепањето и влечењето во Собранието.“

„Единствена Македонија повторува дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името а единствено ќе остане срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје во очајничкиот обид да избрише се што е македонско од што ќе се срамат од нив и нивните поколенија.“, соопштува партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг