Фитнес инструкторка ја покажала шокантната разлика помеѓу мастите и мускулите во телото

Точка

14/07/2018

11:34

8.865

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале како точно изгледа човечкиот мускул, а како мастите кои се складираат во телото? Фитнес инструкторката Отом Калабрис решила да се позанимава со оваа тема и да им укаже на луѓето на огромната разлика помеѓу мускулите и мастите.

Иако е познато дека пет килограми мускули е подеднакво тешко како и пет килограми маснотии, постојат извесни разлики кои се покажани токму на оваа фотографија. 

Имено, мускулите се многу погусти и заземаат помалку простор во телото додека мастите се повеќе распространети.

"Погледнете како мускулот е рамен, компактен и мазен. Сега погледнете ги маснотиите - гломазни, распространети и грди. Кога напорно тренираме и правилно се храниме, ние согоруваме масти и градиме мускули. Затоа е толку важно да се постигне повеќе од само оптималната бројка на вагата", напишала Калабрис во описот.

Инструкторката на крајот додала дека со изградба на мускулната маса ја зголемуваме силата, го намалуваме ризикот од повреди и го обликуваме телото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг